Истражувањето „Зелени тајни“, преку случајот со малите хидроцентрали, по првпат документира процес на трговија со влијание и дава вистински приказ на заробената држава. Жртва биле највредните национални богатства, како Националниот парк „Маврово“. Во текот на една деценија Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети испорачале блокирање закони и студии, креирале нови и поволни регулативи за бизнис-секторот и така ја овозможиле деструкцијата на националните богатства. По првпат прикажуваме како функционирала мрежата од државни…
ИРЛ откри дека во последната деценија на територијата на Националниот парк „Маврово“ е изградена цела дива населба веднаш над комплексот „Кораб Трница“. Дел од вилите се изградени и се веќе легализирани, додека други се градат во моментов. Сите се наоѓаат на државно земјиште, на заштитена територија. Меѓу оние кои изградиле или купиле вили на државен имот се помошник министерот во МВР Маријан Здравковски, пратеничката од ЛДП Моника Зајкова и актерите…