Роднини на починати ковид-пациенти во болницата „Жан Митрев“ кои треба да сведочат против докторот кој е обвинет за измама, добиваат телефонски повици од поддржувачите на доктор Жан Митрев. Во улога на посредници се вклучиле дури и лекари вработени во неговата болница. ИРЛ разговараше со десетина семејства кои рекоа дека од нив се бара во судот да го поддржат кардиохирургот, бидејќи бил добар човек и лекар, а дел од нив добиле…
Двајцата поранешни директори, осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово побараа да бидат ослободени од вина. Причината за смртта на 14 ковид пациенти според нив треба да ја открие вештачењето на германските експерти кои утврдија дека пожарот избувнал и брзо се проширил поради лошата изведба на модуларните контејнери – доказ кој никогаш не се изведе додека им се судеше. Пред Апелациониот суд во Гостивар обвинетите порачаа: „Почитуван судија, пред…
По повеќе од еден месец од објавата на документарното истражување „Нечиста крв“ за тоа како клиниката „Жан Митрев“ лекувала КОВИД пациенти со хемофилтрација, денеска пет задоволни пациенти пренесоа позитивни искуства од лекувањето во болницата во време на корона пандемијата. Јавниот настап на овие пациенти следува откако ИРЛ вчера објави дека семејства на починати КОВИД пациенти веќе даваат исказ во обвинителството за начинот на кој биле лекувани нивните блиски во клиниката.…
Доктор Жан Митрев денеска е повикан на распит во скопското Јавно обвинителство. Обвинителството го повика сопственикот на приватната клиника по добиени информации дека е можно да ја напушти државата. Затоа, како гаранција да спречи негово бегство, Обвинителството бара Кривичниот суд Скопје да му ги одземе патните исправи. Обвинителството соопшти дека отвори истражна постапка против доктор Митрев за кривично дело „Измама на пациенти“. „Осомничениот, во периодот од април 2020 година до…