Како аргумент за невиноста на докторот, покрај неговите успеси и признанија, беа посочени и позитивните коментари на социјалните мрежи. Одбраната негодуваше и за извештајот изготвен од 15 лекари кои што ги анализирале досиејата на пациентите и утврдиле дека докторот немал согласност за хемофилтрацијата, а кај третина од пациентите третманот се вршел без индикации. Известува: Лила Караташева Воведните зборови на одбраната на докторот Жан Митрев започнаа со напади кон обвинителката, а…
Поради адиминистративен пропуст на МАЛМЕД, Жан Митрев нема да одговара прекршочно за непријавено клиничко испитување. Во меѓувреме, кризниот пиар на клиниката води агресивна стратешка кампања да ја збуни јавноста и да лаже дека Кривичниот суд го ослободил од вина и пресудил дека работел чесно за време на пандемијата. ИРЛ открива дека ваквите тврдења се креираат во маркетинг служби и се дистрибуираат преку мрежа на медиумите каде што клиниката е клиент. …
Се одложи и второто судско рочиште на обвинетиот доктор Жан Митрев. Неговиот адвокатски тим не успеал да направи увид во предметот. Митрев пред судот освен од новинарските екипи, беше дочекан од роднини на пациенти кои починаа во неговата клиника по примена на методот хемофилтрација за лекување од КОВИД 19. Половина час пред закажаното судење, семејствата дојдоа пред Кривичниот суд со фотографии од починатите и транспаренти на кои пишуваше „Профитер на…
















