Press "Enter" to skip to content

ИЗБОРИ 2024: Ова ли е тоа?

За изборите и за опциите кои се пред македонските граѓани се разговара многу. Но, и на два дена пред изборниот ден ниедна партија не разговара со својот електорат за потребите и аспирациите на сите граѓани. Кампањите на оние кои се натпреваруваат воопшто не се грижат да ја образложат или дебатираат својата понуда. Овие избори ја прикажаа длабоката криза на вредности во македонската политика, најпосле во македонското општество.

Избори 2024: Граѓанинот на последно место

Програмите ги правеле партиски функционери како Илија Димовски и Игор Ивановски Шема. Партиите во своите програми ги вклучиле стопанските комори и бизнисот, но никој не го спомена граѓанскиот сектор. ИРЛ следеше три митинзи на трите водечки партии кои носат најголема одговорност за лошото и корумпирано владеење кое доведе до иселенички егзодус во земјава. Партиите вложија од 0 до максимум 7% од времето за да зборуваат за најважните општествени проблеми: корупција,…