„EU Investigative Journalism Awards 2025” е регионално признание, финансирано од Европската Унија, а организирано од „Thomson Media”, меѓународна непрофитна организација која работи на развој и зајакнување на медиумските вештини ширум светот. Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) е добитник на првата награда на ЕУ за 2025 година за најдобра истражувачка сторија во регионот на Западен Балкан и Турција во конкуренција на 284 пријави. Сторијата за која новинарите на ИРЛ Маја Јовановска и…
Ќе се гради со општински и државни пари, а изведувач е фирма на пријател на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Документите кои што ги прибра ИРЛ покажуваат дека власта со леснотија доделила половина милион евра на проект испишан на половина страница, со апсурдни образложенија и многу промашени букви. Градоначалникот Фатмир Дехари тврди дека предлогот бил на жителите, но жителите велат дека не сакаат парк, туку пристап до основните сервиси како пат,…
Неможноста навремено и ефикасно да се обезбедат сервиси за граѓаните кои се гарантирани со средствата што граѓаните по основи на даноци и такси ги уплаќаат во буџетот е еден од разорните ефекти на системската корупција. Проблемот може да се илустрира преку актуелните проблеми со вадење на лични документи. Граѓаните веќе неколку месеци поминуваат низ долги и исцрпувачки процедури за задолжителната промена на личните документи. Владата дури и драматично ги поскапе…
Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски и Талат Џафери молчат за опасната пресуда против ИРЛ, а судот дозволува во името на граѓаните да се носат срамни пресуди против слободата на говорот. Здружението на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) на претседателот на граѓанскиот суд Бесник Авдија му понудија да помогнат да ги едуцира судиите за основните човекови права каква што е слободата на медиумите. Известува: Лила Караташева Новинари,…




