Press "Enter" to skip to content

Анкета на ИРЛ : Дали брзо и ефикасно ги променивте вашите лични документи?

Неможноста навремено и ефикасно да се обезбедат сервиси за граѓаните кои се гарантирани со средствата што граѓаните по основи на даноци и такси ги уплаќаат во буџетот е еден од разорните ефекти на системската корупција. Проблемот може да се илустрира преку актуелните проблеми со вадење на лични документи. 

Граѓаните веќе неколку месеци поминуваат низ долги и исцрпувачки процедури за задолжителната промена на личните документи. Владата дури и драматично ги поскапе документите токму пред да ја дистрибуира веста дека промените ќе бидат задолжителни и мора да се случат во краток рок, до 12-ти февруари. Лошата организација на службите доведе до стравотни турканици и километарски редици пред пунктовите за фотографирање и подигнување на документи. 

Граѓаните се разочарани и гневни на државните органи што не успеаја да обезбедат услови за ефективна промена на документите, ненавремена услуга што го отежнува секојдневието на граѓаните.  Доколку сте дел од оние граѓани кои ја отпочнале процедурата за промена на документите, ве замолуваме да го одговорите овој краток прашалник и да го споделите вашето искуство.

Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »