Press "Enter" to skip to content

Условна казна и 3 илјади евра за фирмата чиј работник загина на небезбедно градилиште во Дебар Маaло

За смртта на непријавен работник на градилиште во скопско Дебар Маало, судот утврди условна казна за одговорниот раководител на градилиштето и парична казна од само три илјади евра за фирмата „Колбико Инженеринг“. Во 2017 година Мијалчо Тодоровски загина на работно место – врз него падна потпорен ѕид. Инвеститорот смртта на работникот сакаше да ја претстави како несреќа и да се огради дека не станува збор за работник кој го ангажирале…

Заврши судењето за градежниот работник кој загина во Дебар Маало, пресуда на 14 јуни

Заврши судењето за случајот во кој градежниот работник Мијалчо Тодоровски загина при пад на потпорен ѕид на зграда во изградба во Дебар Маало. Несреќата се случи во 2017 година, а случајот четири години го истражуваше обвинителката Гордана Ѓешковска која во своите завршни зборови потврди дека загинатиот непријавено работел за градежната фирмата „Колбико Инженеринг“. Сопственичката на градежната компанија Оливера Коловска Стаменова и раководителот на зградата Александар Дугалиќ кои се обвинети за кривичното…