Обвинителството ќе ја вештачи викендичката на Попова Шапка во сопственост на универзитетскиот профeсор од Државниот тетовски универзитет Фатон Мурсели за да утврди кога точно била изградена. Семејството кое обвинува дека плацот им е узурпиран, достави докази за платени придонеси за изградба на викендичка уште од времето на Југославија. Известува: Иван Блажевски Во осумдесеттите години на минатиот век секој кој сакал да гради викендичка на Попова Шапка требало да плати давачки…
Викендичката на Попова Шапка на универзитетскиот професор Фатон Мурсели била легализирана со нелегален геодетски елаборат. Агенцијата за катастар утврди дека документот е незаконски со невалиден дигитален потпис, а геодети воопшто не биле на Попова Шапка за да извршат геодетско мерење. Но и покрај ваквите пропусти, легализацијата на викендичката ги поминала сите филтри во Општина Тетово и никој не увидел фалсификат. Известуваат: Пелагија Стојанчова; Иван Блажевски, Графика: Лука Блажев Од Агенцијата…



