Press "Enter" to skip to content

ЗЕЛЕНИ ТАЈНИ

Истражувањето „Зелени тајни“, преку случајот со малите хидроцентрали, по првпат документира процес на трговија со влијание и дава вистински приказ на заробената држава. Жртва биле највредните национални богатства, како Националниот парк „Маврово“. Во текот на една деценија Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети испорачале блокирање закони и студии, креирале нови и поволни регулативи за бизнис-секторот и така ја овозможиле деструкцијата на националните богатства.  По првпат прикажуваме како функционирала мрежата од државни…

Министерката за култура го штити Медат Куртовски за стечајот на куќата – музеј од Галичка свадба 

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска за стечајот на заштитената Вила Доста, дел од манифестацијата Галичка свадба, го обвини поранешниот градоначалник на Маврово и Ростуше, Мукрем Мемеди од ВМРО ДПМНЕ. На прашањето на ИРЛ зошто градоначалникот и нејзин сопартиец Медат Куртовски повеќе од три години не постапува по барањето на Државниот правобранител, таа кусо додаде дека ќе го охрабрела тоа да го направи и се надевала дека ќе постапи. …

Општина Маврово ја втурна во стечај Куќата на зетот од Галичка свадба, културното обележје се продава за 60 000 евра

Галичката свадба е значаен дел од македонското културно наследство, а вековно старите стилски куќи се заштитени со закон. Но, ИРЛ открива институционални напори насочени кон тоа да го приватизираат и да го комерцијализираат галичкото културно наследство. Позната како „Куќата на зетот“, Вила Доста, која ја поседува државата, е во опасност. На барање на месната заедница Галичник, во дубиозни процеси општината одобрила трансформација на сопственоста на објект којшто го поседува самата…