Press "Enter" to skip to content

Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички под истрага во Албанија

Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана, која е една од најважните и најмоќните институции во Албанија, ја суспендираше од функцијата албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку. Забрането ѝ е да ја напушта и Албанија. СПАК вчера ја обвини за местење тендери во кои како фирми се јавуваат и албанските компании „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“ кои изминативе две години беа дел од две одвоени афери и во Македонија. Известува:…

Слава на критичната мисла: Најважните истражувања на колегите што ја обележаа 2023 

Истражувачкото новинарство е интензивно и побарува многу ресурси, време, пари и новинари со соодветни вештини. Ретко кога е лесно или едноставно, па затоа дел од медиумските организации се соочуваат со ограничувања во ресурсите од секој аспект и даваат приоритет на брзи и таканаречени исплатливи вести. Но, вистинските причини за исклучувањето на критичното и длабинското новинарство од уредувачката политика има мрачни и нечесни мотиви. Поголемиот дел од индустријата свесно избира да…

Фениксот се издигна од обвинителските фиоки со прашина да ги прикрие гревовите на корумпираното правосудство

Обвинителот Љубомир Лапе, некогаш дел од расформираното СЈО, на прес-конференција порача дека истрагата за Скопје 2014 е жива. Отчетноста на обвинителството и грижата за јавниот интерес доаѓа во период кога институцијата одмолче клучни општествени случувања кои засегаат функционери од извршната власт и судството. Впечатокот е дека намерата е да се создаде привид дека нешто се работи на полето на справувањето со корупцијата иако во реалноста правосудниот систем  со децении прикрива…