Што истражувавме во „Цената на правдата“ Основано во 1945 година, Вишото јавно обвинителство Скопје тивко и речиси невидливо носи една од најмоќните улоги во македонскиот правосуден систем – да одлучува за судбината на предметите кога тие стигнуваат до Апелацискиот суд, односно кога има жалба на одредена одлука на првостепените судови. Во апелациската судница, само 12 обвинители имаат моќ да ја потврдат или да ја избришат целата работа на своите колеги…
ИРЛ по првпат ја расклопува шемата по која обвинители ја манипулирале правдата во Македонија. Зад институционалната фасада се крие мрежа од луѓе во органите на прогонот. Откривме како се носат непрофесионални одлуки зад затворени врати, во кабинети и писарници, а играта се мести уште пред да почне. Истражувањето е многу повеќе од само хроника за злоупотреби во Вишото обвинителство Скопје. Документ до кој дојде ИРЛ илустрира како системот и правдата…
Серијата статуси посветени на новинарките на ИРЛ, Сашка Цветковска и Деница Чадиковска, а надополнети со фотографии за полесно да нѐ препознаат оние кои сакаат да нѐ направат сапун и да нѐ силуваат, тој ја оправдува со наводите дека ние сме корисници на „криминални средства“ од УСАИД. Но, вистинските причини се поинакви и оваа кампања има за цел да нѐ заплаши и да ја спречи работата на новото истражување на ИРЛ…
















