Расипани лифтови, влезови без струја и ограбени резервни фондови. Ова се само дел од проблемите кои граѓаните ги имаат со фирмите за домување. Иако, секоја општина треба да има вработен инспектор за домување, во Скопје вакви инспектори има само во пет општини. Регулаторната комисија за домување и локалната самоуправа наместо да стават крај на неправилностите, вината и одговорноста си ја префрлаат едни на други. Хаосот што институциите го спроведуваат ѝ…
ИРЛ работи на ново истражување за незадоволството на граѓаните од фирмите за одржување на станбени објекти. Истражувањето го почнавме од пријава на граѓанин и поради тоа сакаме да го слушнеме вашето мислење и да откриеме со какви проблеми се соочувате. Времето на одговарање на анкетата е околу две минути. Вашите одговори ќе ни помогнат да ја откриеме целата слика и да дојдеме до сржта на проблемот.