Во Кичево често се гради спротивно на одобренијата или без одобрение. Општината, обвинителството и полицијата знаат што се случува, но никој не презема ништо. Тоа е така затоа што преовладал економскиот интерес на локалните моќници од Кичево, поддржан од општината преку партиски и семејни врски. Преку семејни врски во општината ИРЛ ги открива виновниците за бетонската трагедија која го снајде градот. Известува: Александра Денковска; Графика: Лука Блажев Сместен во западниот…
ИРЛ откривa дека Фатмир Дехари живее во стан од 172 квадрати во нов станбен комплекс во Кичево, а не во семејната куќа во селото Србица. Станот се води на фирмата „АС Сењак“ во сопственост на бизнисменот Селаудин Арифи. Фирмата „АС Сењак“ е во топ петте фирми со најмногу тендери од општината, а сопственикот Арифи е во сватовска врска со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Известува: Маја Јовановска / Илустрации: Лука…
Најскапата државна зделка за купување мазут за ТЕЦ Неготино е коруптивна – се сомнева Државната комисија за спречување на корупција. Компанијата РКМ на бизнисменот и поранешен политичар Ратко Капушевски испорачувала помалку мазут а Електрани на Северна Македонија потпишувала анекси со оваа комапнија на веќе неважечки договори. РКМ и годинава увезува илјадници тони мазут вклучително и од босанската ХИФА Оил за која пред три година беше констатирано дека продавала загадувачко масло…