По објавување на документарниот филм „Нечиста крв“, ИРЛ сними поткаст „Разговор во Редакција“ во кој гостуваа министерот за здравство Беким Сали и директорката на Фондот за здравствено осигурување, Магдалена Филиповска Грашкоска. Тие дадоа институционални објаснувања на обвинувањата од пациентите и доказите на ИРЛ за несигурното и неетичко лекување на КОВИД пациентите во приватната клиника „Жан Митрев“. Зборуваа и за незаконското одлевање на пари од Фондот за здравство во приватната болница…
Реакција на Истражувачка репортерска лабораторија, Хелсиншки комитет за човекови права и Македонско здружение на млади правници, по вчерашната прес-конференцијата на министерството за здравство за наодите од истражувањето „Нечиста крв“. Министерството за здравство и останатите државни органи кои учествуваа на вчерашната прес конференција уште еднаш демонстрираа како институциите со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во институциите. Ова доаѓа во моменти кога треба да…