Press "Enter" to skip to content

Педесет – педесет се шансите за отворање на рудникот на Еуромакс ресоурцес

Министерството за економија тврди дека спојувањето на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“ е најдоброто нешто за овој процес што ќе довело до затворање, а не до отворање на рудник во Југоистокот на Македонија. Општиот впечаток од брифингот со новинарите е дека станува нејасно која е навистина крајната цел на инвеститорот: пари од рудник или пари од арбитража. За да се избегнат двете сценарија Македонија мора…

Министерот Крешник Бектеши ги измамил, дел од министрите бараат ревизија на одлуката за рудниците

Владата потфрли – две министерки сметаат дека треба да се ревидира одлуката за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“. ИРЛ открива како изгледала владината седница на која се одлучувало за иднината на богатиот земјоделски Југоисточен регион. Прашањето за концесиите дошло како дополнителна точка на дневниот ред, а неа ја предложил министерот за економија Крешник Бектеши. Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“, затоа…