Сите несреќи од катастрофални размери коишто се случуваат во Македонија имаат една заедничка карактеристика која била дел од клучните настани кои довеле до катастрофата, а тоа е следново: Сите се случиле поради запоставување на обврските на оние на кои како заедница сме им дале полна доверба да управуваат со нас и заедничките добра. Запоставувањата предизвикале не само оштетувањето на заедничките пари и имот, туку личната корист толку преовладала, што запоставувањето на должностите отишло во такви размери што довело до чести настани со непотребна смрт и страдања на граѓаните.
Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, денеска ниту ги потврди ниту ги демантираше информациите дека е можна идна амбасадорка на Република Северна Македонија во САД. Таа рече дека засега приоритет и е Општина Тетово. „За мене тое е едно големо почитување, дека во САД секогаш сум се чуствувала како дома, и тоа е едно големо почитување со оглед на фактот дека за тоа се зборува. Но, уште две години имам…















