Press "Enter" to skip to content

Тивок бојкот на владата, националните телевизии во вестите не објавуваат изјави на министрите

Веќе трет ден на петте национални телевизии не се пренесуваат изјави и ставови на техничкиот премиер, министрите и нивните заменици во Владата. Во вестите на Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ТВ се објавуваат тонски парчиња само од пониските ешалони во власта, односно директори на институции, а се пренесуваат и партиски ставови. Вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во посета на Торакална хурургија…

Владата најде начин како да им дава пари на приватните телевизии, се планира Фонд за медиуми

Владата загoвара формирање на Фонд за медиуми преку кој би се финансирале телевизиите и радијата. Според информациите на ИРЛ речиси два месеца се договараат формите како би одела оваа поддршка. Локалните и регионалните медиуми бараат парите да им се доделат ним, со оглед на лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, но од Владата инсистираат во поделбата на колачот да учествуваат и националните телевизии. Намерата ја потврди и министерот за транспарентност…