Во теорија повеќе партии би значеле и поголем избор, но наместо различни политички идеи, впечатокот на граѓаните за етаблираните партии е дека тие работат за да и овозможат на мала група на луѓе да се збогатат што е можно повеќе и да останат на власт што е можно подолго. Одлуките кои ги носеле политичките елити во минатите 20 години покажуваат дека тие смислено и сложно креирале закони кои ќе ја…
Оние кои придонеле Македонија да стане длабоко корумпирана земја во која правдата е речиси невозможна, се и оние кои се борат за власт. Довербата во партиите паѓа, но програмите „дишат“ во друга димензија и нудат фантастични решенија за борба со криминалот и корупцијата. ИЗБОРИ 2024: Ова ли е тоа? Пишува: Maja Јовановска Последните извештаи на меѓународните организации кои го мониторираат напредокот на државата во клучните аспекти кои се пресудни за…
Дури и апатичните и безнадежни граѓани со интерес ја следеа борбата помеѓу граѓанското движење против коцкањето и коцкарските корпорации. Интересот на јавноста беше очекуван – трансформацијата на урбаниот пејзаж, во кој доминираат казина, обложувачници и таканаречени продавници за пари, веќе подолго време ги вознемирува и најотпорните на она што се перцепира како дневна политика. Движењето, кое се роди во Мала Речица, а ги освои симпатиите на сите граѓани во земјата,…

















