Македонија денеска обележува 28 години од својата самостојност. На денот на независноста, граѓаните на оваа земја се потсетуваат како сме почнале. Улогата на медиумите е да учествуваат во овој празник, не само со репродукција на партиски и институционални соопштенија, туку да направат и осврт и да дадат перспектива на клучните постигнувања, проблеми и предизвици. Ние решивме да подготвиме серијал приказни од еден поинаков агол – до каде е Македонија и…
Интегритетот е најголемата „алатка“ која личноста „специјален обвинител“ треба да ја има пред да се зафати со чекори кои можат да го одредат теркот на владеењето на правото во една држава. А тоа пак (владеењето на правото) стои највисоко на листата од Копенхашките критериуми, клучни за евроинтеграција. Дали Катица Јанева го имала тој интегритет или не, во септември 2015 година, никому кој сакаше расчистување со режимот на Груевски, не му…
Садула Дураки и е повеќе од контроверзен во јавноста. Неговите непристојни испади и никакви резултати како министер за животна средина не ја спречија владата да го назначи за заменик премиер во владата или вицепремиер задолжен за Министерството за политички системи и односи со заедниците. Но, тоа не е се. Садула Дураки е и политичарот со најмногу членски и претседателски позиции во владините комисии. Тој учествува во одлучувањата за вработувања и…
Доктор Рамис Мерко на последните локални избори во 2017 година по трет пат ја доби довербата од стружани. Првиот мандат го освои во 2003 година кога за прв пат влегува во политиката. Дотогаш имал фамилијарен бизнис и бил директор на земјоделска аптека. Граѓаните го гласаат, а поддршка и логистика добива од неговата партија ДУИ. За себе вели дека е одличен менаџер на општината и оти сите одлуки ги носи заедно…

















