Зошто штрајкуваат професорите кога платата им пораснала, ќе се прашаат владините функционери во пресрет на денешниот најавен штрајк на СОНК во образованието. Во септември 2018 година просветарите добија покачување на платите за 5%. Во септември 2019 се активира ново покачување за уште 5% или вкупно раст на платата за 10.8% во споредба со пред една година. Владата и СОНК разговараат за нови покачувања во 2020 година. Која е причината да…
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми ги повика директорите и наставниците во основните и средните училишта да се подготват за утрешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи. На прес-конференција денеска тој порача дека ќе продолжи дијалогот со СОНК за заедно да ги…
Квалитетот на секое ниво на образованието е загрижувачки, а системот на образование останува ранлив на политичко влијание и корупција, стои во извештајот на Европската Комисија. Со имплементација на новиот Закон за високо образование е направен само ограничен напредок и потребни се значителни подобрувања во квалитетот на основното и средното образование. Ниедна од мерките предложени минатата година не се имплементирани и јавните расходи за образование, обука, млади и спорт не се…
Лица без искуство од областа во која биле назначени и лица со завршено основно или средно образование ги управуваат и го надледуваат работењето на јавните претпријатија. Ова го покажува најновата анализа на Социетас Цивилис, „Кој таму управува“. Според анализата во управните и надзорните одбори во мали градови или пак рурални општитини се назначуваат лица со завршено основно или средно образование кое е несоодветно за областа во која се назначени, како…

















