Никола Додевски со години бил најплатениот адвокат од државните институции. Тој не само што во суд ги бранеше ВМРО-ДПМНЕ и лично поранешниот премиер Никола Груевски, туку бил и на платниот список на повеќе државни компании. Најголем ќар имал од Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, односно за три години (2016, 2017 и 2018 година) му се исплатени вкупно 272.876 евра. Додевски бил водечкиот адвокат според исплатените суми и на државните…
Обвинителството за организиран криминал на чие чело е Вилма Рускоска денеска излезе со детали од досегашната истрага за бегството на Никола Груевски, нагласувајќи дека нема лоцирано кривична одговорност кај службени лица, но има пропусти кај надлежните институции. „До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат…
Изјава на денот Избегав едноставно, сакаа да ме ликвидираат, во Унгарија барам работа, ќе пишувам мемоари, а власта сама нека открие како избегав, ова го изјави поранешниот премиер Никола Груевски во интервју емитувано во вестите на телевизијата Сител во 19 часот на 2 фебруари 2019 година. Како заминав не кажувам, беше едноставно, но нека открие власта “Со луѓе од власта немам контакт, со сопартијци, ако мислите од раководството, немам. Не. Заминав…
„По барањето за меѓународна правна помош, Албанија не постапи целосно. Така што снимките од безбедносните камери не се обезбедени“, јавниот обвинител Љубомир Јовески по два и пол месеци од бегството на Никола Груевски соопшти дека најверојатно снимките од граничните премини во Албанија се избришани.

















