Press "Enter" to skip to content

Што треба да знаеме за војната што Градот Скопје ја отвори со младинскиот фронт од МКЦ

Кога младинските бендови организираа протест против опасноста од политизирање на нивната неформална матична институција, Младинскиот културен центар (МКЦ), не ни помислуваа дека политичарите ќе поведат вистинска мала војна против  младите од алтернативната сцена од Скопје и цела Македонија. Жртва на таа војна не е сменетиот директор или амбициите да се постави друг човек, туку младинските политики и движења кои се политизираат и убиваат уште пред да започнат.

Имам што да кажам: Младите за МКЦ

Младинскиот тим на Истражувачката репортерска лабораторија реши да ги праша младите кое е нивното мислење за Младинскиот Културен Центар како институција и како тие се чувствуваат во врска со политичката пресметка околу директорското место на МКЦ. Разговаравме со неколку млади музичари и со една вработена во институцијата, се со цел да дознаеме како скорешните случувања влијаат на младите. Иако станува збор за Младински центар, во целата лавина на реакции по…