Press "Enter" to skip to content

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Актуелната пратеничка и потпретседателка во Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ременски е една од осомничените во рамките на новата истрага поврзана со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, отворена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во истрагата во која се опфатени пет физички лица и едно правно, како што соопшти обвинителот Љубомир Јовески, е и Ременски, а се сомничат за перење пари, измама и помагање. Меѓу нив,…

Нова истрага за Бојан Јовановски, вмешан и функционер

Јавното обвинителство отвори нова истрага за Бојан Јовановски во која вклучени се пет физички и едно правно лице за перење пари, измама и помагање. Како што соопштија од Обвинителството, Бојан Јовановски како првоосомничен во новата истрага сторил кривично дело „измама“ како и „перење пари“. Останатите се осомничени дека помагале при извршувањето на измамата, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при перење пари. Правното лице осомничено во случајот,…

На сметката на Меѓународниот сојуз ги нема парите за кои Силјан Мицевски тврди дека ги префлил

На сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, нема ни трага од парите за кои бизнисменот Силјан Мицевски денеска тврдеше дека ги префрлил на сметката на невладината, а не на пензионерката Лилјана Тодоровска. Истражувачка репортерска лабораторија пред речиси еден месец ги побара годишните сметки на оваа организација и од нив може да се види дека за две години колку што постои Меѓународниот сојуз имало вкупно 5.500 евра. Ова е втор…