Press "Enter" to skip to content

Нередовно гласаме за нова влада на секои три години

„Аман од избори“! Ова е првиот коментар на обичниот граѓанин изминативе неколку години,  што пак е реален крик на фактот дека веќе 12 години, на речиси секои три, се гласа предвреме. Од 1990 до 2006 година, челниците ги започнувале и ги завршувале своите мандати како што е предвидено според Уставот, односно четири години. Но од 2008 година започнува нова практика кај политичарите, речиси секогаш по настаната политичка криза, а најчесто…

Тесна трка со времето за избор на Државен ревизор

Ако за две недели Собранието не избере кандидат за Државен ревизор, инстуцијата која треба да е чувар на јавните пари ќе биде целосно закочена. Откако пред две години му истече мандатот на Државниот ревизор, за две недели му истекува мандатот и на заменикот Насер Адеми кој досега беше потписник и ја вршеше работата на главниот ревизор, а чија функција завршува на четврти октомври. Се додека не се избере нов ревизор,…

ДУИ не го дава студентскиот дом „Пелагонија“

Актуелниот в.д. директор на државниот студентски дом „Пелагонија“ – Бујар Муртезани којшто 9 години директорува, повторно конкурирал за директорското место на домот. Од Управниот одбор на „Пелагонија“ велат дека тој ги исполнува условите и е еден од четворицата кандидати на кои ќе им биде извршено интервју во среда. Доколку Муртезани биде повторно избран, тоа ќе му биде трет мандат, што е спротивно од Законот за студентски стандард, според кој директор…

Собраниската комисија одлучи разрешување на Катица Јанева

Без позначајна дискусија, собраниската Комисија за избори и именувања донесе одлука да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната обвинителка Катица Јанева. „Комисијата без дискусија, со едногласна одлука, го утврди предлогот до Собранието госпоѓата Катица Јанева да биде разрешена од функцијата специјална јавна обвинителка заради незаконито, несовесно и нестручно раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство“, изјави Димовски по седницата, која беше затворена за јавноста поради класифицираниот извештај од Советот…