Министерството за правда го објави Извештајот на ГРЕКО за Евалуација на Република Северна Македонија за „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот“. Петтиот круг на евалуација започна во 2017 година, а во извештајот до државата се упатени вкупно 23 препораки кои треба да се имплементираат до 30 септември 2020 година. Во извештајот се наведува дека системот на кривична правда не е…
Владата бара советник за интегритет кој ќе ги советува министрите и другите владини функционери за спроведување на препораките од извештајот на ГРЕКО. На вчерашната седница Владата ја разгледала и усвоила информацијата за Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг, на тема: „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“. „На седницата Владата го задолжи…
Француското обвинителство побара казна затвор од седум години за поранешниот градоначалник на богатото париско предградие Левалоис, а за неговата сопруга четири години, тврдејќи дека тие двајца биле корумпирани, не плаќале данок и переле пари. Двојката, Патрик Балкани и Изабел Балкани кои се членови на централната десничарска партија „Les Républicains“ и пријатели на поранешните претседатели Никола Саркози и Жак Ширак, претседаваа со преубавото париско предградие на Левалоис-Перрет, околу 35 години. Канцеларијата…
Бугарските власти го возвраќаат ударот кон новинарите чии истраги доведоа до отворање на скандалот „ApartmentGate“ во кој беа вклучени неколку членови на бугарската влада, вклучувајќи го и новиот министер за правда и шефот на Антикорупциската комисија. Првите истраги кои беа објавени во март покажаа дека членови на високи позиции во владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) купувале луксузни недвижнини далеку под пазарната цена. Кратко време откако скандалот…

















