Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека е чиста и дека нема никаква вмешаност во случајот „Рекет“ кој минатата недела го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција. „Го разбирам, почитувам и оправдувам интересот на јавноста за случајот ‘Рекет’. Носител сум на јавна функција за која мора да има целосна транспарентност. Се извинувам што свесно оставив подолг период да не излегувам во јавноста иако не ми беше лесно да го…
Речиси четири години колку што е на чело на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева нема пријавено никаква промена во имотната состојба. Гевгелиската обвинителка која во 2015 година се пресели во Скопје, а сега е дел од милионската афера „Рекет“, нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто. Единствената промена во имотната состојба која ја пријавила во Антикорупциската комисија била минатиот месец. На 13 јуни Јанева доставила информација дека има промена…
Во време кога судбината на Специјалното јавно обвинителство е неизвесна, а шефот на обвинителството Катица Јанева поднесе оставка, се доведува во прашање работата на обвинителството. Иако сеуште немa потврда дека Јанева е опфатена во истрагата за случајот “Рекет”, на денешното обраќање обвинителите на СЈО на чело со Ленче Ристоска упатија суптилна порака дека СЈО не е еден човек и дека тие ќе продолжат да се борат за своите случаи во…
Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поднесе оставка, која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение. „Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби…

















