На 28 февруари е закажано првото рочиште на доктор Жан Митрев, обвинет за измама на пациенти заболени од КОВИД 19. Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека го прифатил обвинителниот акт, а по предметот ќе постапува судијката Лидија Петровска. Од клиниката целосно го отфрлаат обвинението како неосновано и ќе докажеле дека ниту еден пациент не бил измамен. Основниот кривичен суд Скопје во целост го прифати обвинението против докторот Жан Митрев и…
Кога младинските бендови организираа протест против опасноста од политизирање на нивната неформална матична институција, Младинскиот културен центар (МКЦ), не ни помислуваа дека политичарите ќе поведат вистинска мала војна против младите од алтернативната сцена од Скопје и цела Македонија. Жртва на таа војна не е сменетиот директор или амбициите да се постави друг човек, туку младинските политики и движења кои се политизираат и убиваат уште пред да започнат.
Во 2017 година СДСМ ќе постави директор на ГТЦ кој нема да е од партијата на Амди Бајрам. Ќе вети нов ред и поредок во градскиот симбол. Една од првите одлуки на новото раководство е вработување на нови 65 луѓе, меѓу нив и Валентина Бајрам, ќерката на Амди Бајрам. Баш тогаш нејзиниот брат ќе копа биткоини користејќи ја струјата на ГТЦ. Истовремено, менаџментот незаконски ќе им наплаќа поскапа струја на…
Веќе подолго време новинарите на ИРЛ се предмет на вулгарни и нецивилизирани напади од страна на Оливера Јосифовска, сопруга на претседателот на Макпетрол Андреја Јосифовски, како еден од топ фановите на докторот Жан Митрев. Митрев е е огласувач во телевизијата Телма, поседувана од Макпетрол. Нивното семејство е дел од стоте најбогати луѓе во балканскиот регион, моќ којашто е неспоредлива со онаа на малите и непрофитни организации како ИРЛ. Преку националната…

















