Press "Enter" to skip to content

Обвинение за „Рекет“: Катица Јанева зела 50.000 евра, Боки и Кичеец 1,5 милион евра од Камчев

Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба, а двоецот Боки 13 и Кичеец за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Тројцата обвинети се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“…

Катица Јанева е приведена

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со полициска придружба пред малку беше изнесена од нејзиниот дом во скопската населба Козле. Јанева е однесена во просториите на СЈО, каде во нејзино присуство се вршат претреси, а според извори од истрагата во исто време претреси се вршат и во нејзиниот дом во Гевгелија. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски во 14 часот закажа прес конференција, каде ќе соопшти повеќе детали за приведувањето на Јанева и…