Државата треба да продолжи да работи во сферата на борбата против нееднаквоста, животната средина и лажните вести, рече премиерот Зоран Заев запрашан какви поуки ќе извлече земјата од прашањата по кои што Папата Франциск е исклучително вокален во светот како растечката нееднаквост како последица на корупцијата, лажните вести и пропагандата за коишто Папата проповеда дека се смртен грев и проблемите со животната средина. „И ние политичарите, и вие новинарите и…
Во седиштето на СДСМ со зурли и тапани веќе се слави победата на Стево Пендаровски. Долу, во дворот и во прес центарот се обичните членови и симпатизери на владејачката партија. Горе, пак, со закуска и пијалок се честат високите партиски функционери. Во прес центарот одвреме навреме се симнува по некој од министрите, но освен за текот на изборите и победата на Пендаровски, тешко може да се натераат да прозборат и…
Непосредно пред вториот круг на претседателските избори, премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24 . Тој, како и на сите предизборни митинзи и средби на кои присуствуваше со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, најави дека ја примиле пораката која граѓаните ја испратиле во првиот круг и веднаш почнало да се работи на тоа. Според него, една од причинита за слабата излезност во првиот круг од претседателските избори и…
Тендери за школските другари на Заев, сомнителни тендери во здравството и бегство од одговорност во аферите од животна средина. Колегите Владо Апостолов, Менче Атанасова – Точи и Александар Димитриевски на виделина изнесоа многу валканици за минатата власт, за многу од нивните стории денес гледаме и судски завршници и истраги. Но, за ИРЛ одбраа по една тазе афера за која тие пишувале за новата власт на СДСМ и ДУИ, а која…

















