Press "Enter" to skip to content

Груевски „потрошил“ 25 милиони евра во „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“

Околу 25 милиони евра им дала Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски на телевизиите „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа ТВ“, во периодот од 2010 до 2017 година, објави „Призма“, повикувајќи се на податоците од владината датабаза „Отворени финансии“. Од вкупните 26.6 милиони евра за рекламирање во телевизиите, дури 25 милиони евра отишле кај овие три национални телевизии. На врвот е „Сител“, која инкасирала 10.2 милиони евра државни пари, потоа „Канал…

Поради застареност, Груевски може да „се спаси“ од одговорност и за шамарите во Центар

Откако избегна кривична одговорност за дело во кое максималната затворска казна изнесува три години, поранешниот премиер Никола Груевски, може да „куртули“ од одговорност и за случајот познат во јавноста како „Насилство во Општина Центар“. Ова ако се земе предвид дека „шамарите за Жерновски“ се судски предмет започнат од СЈО кој трае најдолго, а се уште е без правна разврска. „Предмет кој во догледно време може да застари е случајот за…

Груевски „куртули“ за „Траекторија“, ќе се гонат останатите обвинети

Поранешниот премиер и сегашен азилант во Унгарија, Никола Груевски нема да одговара за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание во предметот „Траекторија“ за изградбата на кинеските автопати поради застареност на делото. За делото за кое според закон пропишана е максимална затворска казна од три години затвор, поминати се шест години. Оваа одлука ја донесе денеска Кривичниот суд на барање на одбраната, а државата ќе треба да му ги надомести…

Нередовно гласаме за нова влада на секои три години

„Аман од избори“! Ова е првиот коментар на обичниот граѓанин изминативе неколку години,  што пак е реален крик на фактот дека веќе 12 години, на речиси секои три, се гласа предвреме. Од 1990 до 2006 година, челниците ги започнувале и ги завршувале своите мандати како што е предвидено според Уставот, односно четири години. Но од 2008 година започнува нова практика кај политичарите, речиси секогаш по настаната политичка криза, а најчесто…