Press "Enter" to skip to content

Коридор 8: Бочварски стана тринасеттиот министер за транспорт кој ја вети пругата на надежта

Ова ќе биде најважниот капитален проект за идната година, а ќе чини вкупно 600 милиони евра, вака денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја најави работата на првите две делници за пругата кон Бугарија.  Инаку, пругата кон Бугарија е најкористеното изборно ветување од 1993 година. На сите партии и сите влади. Тендерот не е распишан, но од владата велат “до март ќе бидне”.  „За првите две фази сакаме…

Вековен стремеж: Пругата наречена надеж

Изградбата на пруга е најголемото ветување кое сите партии го даваат пред избори. Така беше и на овие избори. Вчера власта најави нова пруга која треба да ги поврзе Македонија и Албанија. За тоа да се случи треба да се поврзат Струга и Кичево. Владата усвои само информaција дека на Министерството за финанси му дава дозвола да бара кредити и грантови во износ од 426 милиони евра и тоа само…

Бугарски функционери обвинети за пасошка измама

Обвинителите во Бугарија во петокот соопштија дека оваа недела уапсиле 20 лица, за издавање на лажни документи, поради што голем број странци добиле право на бугарско државјанство, а со тоа и пристап до ЕУ. Осомничените, меѓу кои и високи владини претставници, беа обвинети за поткуп и организиран криминал. Изјавата на обвинителството во моментот не даде дополнителни информации, но подоцна идентификуваше еден од приведените како Петар Харалампиев, шеф на Државната агенција…