Press "Enter" to skip to content

Срамен избор на членови на Антикорупциската комисија: Најдобрите минаа лошо, лошите минаа одлично

Меѓу одбраните кандидати има и такви на коишто не им пречат нападите од политичари врз Антикорупциската комисија, кандидати со судир на интереси и такви коишто на интервјуата одбивале да одговараат на прашања коишто би можеле да вознемират некој политички или економски моќник. Претставникот на цивилниот сектор во комисијата за селекција, Снежана Камиловска Трпковска цени дека најдобрите извисиле, а слабите кандидати со лоши интервјуа добиле  највисоки оценки од партиите и од…

(ВИДЕО) Партиите си поделија 4 и пол милиони евра од буџетот

Вкупно 39 политички партии оваа година добија пари од буџетот согласно новиот Закон за финансирање на политичките партии. Исплатени се 4.583.000 евра, а дополнително треба да се распределат уште 319.800 евра за партиско – аналитички центри. ИРЛ податоците ги доби од Министерството за правда. Најмногу пари од државната каса им се поделија на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија доби 1.180.000 евра, а најголемата опозициска партија 1.025.000 евра. На третото место…

Политичкиот пазар во Собрание го кочи функционирањето на неколку државни институции

Надворешната политика изминативе месеци го диктира темпото на активности на домашните политичари, па секојдневно граѓаните од медиумите се бомбардирани за „датумот“. Но во позадина на фамозниот датум, кој го окупира вниманието во јавниот дискурс, во моментов има неколку државни агенции или комисии кои буквално се заглавени поради неуспешниот политички пазар на власта и опозицијата. Државниот завод за ревизија нема ниту директор ниту заменик-директор, Дирекцијата за заштита на личните податоци исто…