Новиот состав на Антикорупциска комисија денеска положи заклетва дека совесно и одговорно ќе си ја врши работата и дека во борбата со корупција ќе го почитува уставот и законите. Новата претседателка на комисијата, Билјана Ивановска очекува новиот состав професионално и законито и транспарентно ќе го штити јавниот интерес. „Корупцијата ја урива стабилноста на институциите и моралните корени на општеството. Присутна е се повеќе, секојдневно, а граѓаните во отсуство на систем…
Изјава на денот „Претпоставувам дека Јован Илиевски и Сашо Мијалков како роднини имале и лични контакти, но сигурно како носители на функциите имале и професионални контакти. Не би сакал да се впуштам во полето на лични претпоставки и шпекулации дали она што стигало како предметна работа во тоа обвинителство има некаква, еве нека биде, и најблага форма на судир на интерес помеѓу овие две личности и нивните функции и во…
По речиси една година без Антикорупциска комисија, Собранието го објави огласот за избор на новиот состав. Ќе се избираат претседател и шест члена со мандат од пет години, без право на повторен реизбор. Огласот е објавен во дневни весници и ќе трае седум дена. При изборот, според новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова…
Измените во Законот за спречување на корупција и судир на интереси по долго одложување и силен меѓународен притисок, денеска беа изгласани во Собранието. Министерката за правда, Рената Дескоска, се пофали дека законот е европски, а комисијата ќе биде силна и со проширени надлежности. Се прошируваат надлежностите во делот на контролата врз финансирањето на политички партии, членовите на Антикорупциската ќе имаат можност за увид во банкарските сметки на функционерите и директен…

















