Поранешни и сегашни функционери членови на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во хотелот „Холидеј ин“ се собраа со експерти, професори и претставници на Антикорупциската комисија за како да се подобри работата на ова тело. Настанот беше организиран од фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општественни истражувања МК91. Модераторот Васко Наумовски е претседател на Институтот за општествени истражувања МК91, поранешен амбасадор во САД и екс вицепремиер во Владата на Никола Груевски од 2009 до 2011…
Прекршочна пријава ќе поднесе Антикорупциската комисија на в.д. директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис поради тоа што не поднела анкетен лист. На денешната седница на Комисијата, антикорупционерите кажаа дека Пановска Ставридис досега требала четири пати да поднесе анкетен лист за имотната состојба, бидејќи толку пати и бил продолжен мандатот. Наместо тоа Пановска дури на 19 мај 2019 година поднела четири анкетни листови, иако за прв пат како в.д.…
Антикорупциската комисија денеска на седница отвори повеќе постапки за судир на интереси, незаконски набавки на возила и вработувања во државни институции. Дел од предметите за кои се отвара истрага, Антикорупциска комисија ги отвора по сопствена иницијатиа, додека дел се по пријава од граѓани или пак политички партии. На денешната седница, антикорупционерите едногласно одлучија да отворат постапка за продажбата на земјиштето кај „Холидеј ин“ на кое е предвидено да се изградат…
Непосредно пред вториот круг на претседателските избори, премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24 . Тој, како и на сите предизборни митинзи и средби на кои присуствуваше со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, најави дека ја примиле пораката која граѓаните ја испратиле во првиот круг и веднаш почнало да се работи на тоа. Според него, една од причинита за слабата излезност во првиот круг од претседателските избори и…
















