Press "Enter" to skip to content

Министерството за здравство со најмногу тендери, а најмала отчетност и транспарентност во 2018 година

Половично исполнување на критериумите за транспаретност, отчетност и интегритет при јавните набавки во 2018 година исполниле министерствата, владините секретаријати и Собранието, покажува најновото рангирање на 21 институција, објавено од Центарот за граѓански комуникации. Институциите просечно исполниле 55.2 % од максимално можни 100 % од критериумите во целиот циклус на јавните набавки, што пак споредено со претходните години е мало подобрување. Според Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, институциите се…

Една изборна единица: Кој е „За“, кој „Против“, кој „Ќе видиме“

Колку Законодавниот дом во Македонија е реална слика на волјата на граѓаните? Постоечкиот изборен модел е во полза на поголемите партии, а претставниците на помалите ќе речат дека треба да се наметне прашањето како да се „совлада“ монополот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ? Неодамна повторно во јавноста темата за изборниот модел ја наметнаа 12 пратеници од 10 партии и еден независен пратеник. Нивниот императив сега за сега е една изборна…

Партиски подобни аматери најбројни помеѓу директорите на Управните и Надзорните одбори

Лица без искуство од областа во која биле назначени  и лица  со завршено основно или средно образование ги управуваат и го надледуваат работењето на јавните претпријатија. Ова го покажува најновата анализа на Социетас Цивилис, „Кој таму управува“. Според анализата  во управните и надзорните одбори во мали градови или пак рурални општитини се назначуваат лица со завршено основно или средно образование кое е несоодветно за областа во која се назначени, како…

Заев во име на функционерите најави дека дел од роднините на функционерите ќе се откажат од работните места

По антикорупциската комисија која во петокот објави црна листа на вработени роднини на функционери чии вработувања ќе се испитуваат, денеска и премиерот Зоран Заев излезе со изјава дека и кај нив се прават анализи за вработувањата. Дали Владата или пак партијата(СДСМ) прави анализа, премиерот не беше јасен. „Правиме детална анализа. Се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци. Начинот на конкурирањето, фер и транспарентната правична постапка во…