Press "Enter" to skip to content

Дозиран оптимизам во штабовите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ слави

Првите партиски пресови по завршувањето на изборниот молк покажуваат дозиран оптимизам, но атмосферата во штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ покажува и несигурност во однос на изборните резултати. Првите партиски пресови се одржаа речиси истовремено, по половина час по завршување на молкот. Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ пресот го одржа на плоштадот пред партиското седиште. Пред белата палата, како што популарно се нарекува седиштето на десничарите околу девет часот почнаа…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: За новиот генерален секретар на СДСМ нема поделби на луѓе на Заев и луѓе на Шеќеринска

„Постои огромно единство во СДСМ. Вчерашната дебата покажа дека такви одлуки се носат во една силна демократска атмосфера. Имаше различни ставови за различни политики. И претходно имало членови кои различно дискутирале од претседателот Заев. Но имаме огромно единство, нашата цел е победа на следните парламентарни избори рече за 1тв Љубчо Николовски , новиот генерален секретар на СДСМ којшто доаѓа на местото на Александар Кирацовски. Овој дипломатски одговор дојде по новинарското…

Сменето раководството на СДСМ, Заев најави избор на нова влада

Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координaторката на Форумот на жени се разрешени вечерва на седницата на Централниот одбор на партијата. Ова го соопшти лидерот на партијата и премиер Зоран Заев по завршување на седницата пришто упати благодарност до сите за вршењето на досегашните функции. За нов генерален секретар на партијата е избран Љупчо Николовски и дека тој повеќе нема да биде…