Уставниот суд засега ја заузда „елитата“ и им ги помати бизнис интересите на поединци да се гради на Водно на сметка на децениската шума. Зелениот појас останува безбеден од багери и нов бетон, додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали Деталниот урбаниситички план донесен пред осум години има сомнителни елементи. Тогаш ДУП – от беше донесен со инсистирање на советници од ВМРО – ДПМНЕ без мнозинство, со тензија и…
Доколку живеете во некоја од десетте скопски општини, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да ја почнеме борбата против корумпираните со цел да ги заштитиме животите, егзистенцијата и здравјето на сите граѓани, не само на привилегираните. Сама по себе, урбанизацијата не е лош процес. Но, кога животите и здравјето на граѓаните и нивното секојдневно функционирање се нарушени, а мала група на моќни поединци профитира од градежните активности…
Ќе се потрошат десетици илјади евра на маркетинг услуги. Дел од парите ќе одат за реклама во медиумите, друг дел за пиар агенција којашто ќе организира прес конференции. Ќе има и за флаери и брошури. Сето ова за борба против загадувањето, или барем така тврдат во ПОЦ бидеќи во самата тендерска документација нема вакви објаснувања. На страната на Јавни набавки осамна еден невообичаен оглас од Паркинзи на Општина Центар. „Реклама…
Откако избегна кривична одговорност за дело во кое максималната затворска казна изнесува три години, поранешниот премиер Никола Груевски, може да „куртули“ од одговорност и за случајот познат во јавноста како „Насилство во Општина Центар“. Ова ако се земе предвид дека „шамарите за Жерновски“ се судски предмет започнат од СЈО кој трае најдолго, а се уште е без правна разврска. „Предмет кој во догледно време може да застари е случајот за…