Press "Enter" to skip to content

Орбан отвори истрага за независни медиуми и невладини организации под изговор дека се државни непријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжува да се пресметува  со независните медиуми и невладини организации во Унгарија кои ја критикуваат работата на неговата влада. Последни се две угледни организации, едната е медиумска – Атлатцо која е дел од меѓународна мрежа за известување за организиран криминал и корупција, а втората е невладината организација Транспаренси интернешнал Унгарија, која се бори против корупција. Истрагите се отворени под изговор дека овие организации се закана за…

Застаруваат предметите на СЈО, Никола Груевски на чекор да се спаси за кинеските провизии во „Траекторија“

Ако до 10 октомври нема правосилна пресуда за Никола Груевски, тој ќе се спаси од затворска казна за случајот „Траекторија“ поради застареност. Адвокатите на обвинетите за ИРЛ велат дека шансите за пресуда се никакви, бидејќи за три недели невозможно е да има простепена, а камоли правосилна пресуда од Апелациониот суд, што е неопходно за да се запази рокот и случајот да не застари. Обвинетиот Никола Груевски одбројува до 10 октомври,…

Никола Груевски: Избегав едноставно, сакаа да ме ликвидираат, во Унгарија барам работа

Изјава на денот Избегав едноставно, сакаа да ме ликвидираат, во Унгарија барам работа, ќе пишувам мемоари, а власта сама нека открие како избегав, ова го изјави поранешниот премиер Никола Груевски во интервју емитувано во вестите на телевизијата Сител во 19 часот на 2 фебруари 2019 година. Како заминав не кажувам, беше едноставно, но нека открие власта “Со луѓе од власта немам контакт, со сопартијци, ако мислите од раководството, немам. Не. Заминав…

Виктор и Никола: Историја на една долга врска од интерес

Што имаат заедничко Виктор Орбан и Никола Груевски? Што е она што толку го задолжи унгарскиот премиер за тој да му пружи засолниште на озлогласениот балкански автократ? Врските меѓу Груевски и самопрогласениот заштитник на христијанството во Европа одат многу подлабоко од последната владејачка декада на актуелниот македонски бегалец од правдата. И двајцата не сакаат бегалци – муслимани. И двајцата имаат заеднички замислен непријател – милијардерот Џорџ Сорос. Зборот „либерал“ го…