Како и да бидат кажани фактите, не ја менуваат суштината и вистинитоста. Ова е реакцијата на премиерот Зоран Заев за сведочењето на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски во предметот „Таргет-Тврдина“, во кое прстот го впери кон поранешниот премиер Никола Груевски иако првообвинет во овој случај е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. По вчерашното сведочење на Верушевски, откако одбраната и Мијалков имаа шанса да му поставуваат прашања но одбија, јавноста реагираше…
Таргет Тврдина е високопрофилен случај кој во судница го донесе човекот што важеше за недопирлив – Сашо Мијалков. Од спротивната страна, на столчето за сведоци, седи неговиот претходник во УБК – Зоран Верушевски. Едниот е повеќе мачо и бизнисмен, а другиот е смирен професор. И двајцата ја водеа институцијата со најлош демократски рејтинг во земјава и една од оние кои низ годините и отсуството на надзор акумулираше прекумерна моќ. Иако…
Во 2016 и 2017 година паралелни структури од подземјето и безбедносните служби градат тврдина за опстанок на ВМРО преку преземање на државата. Први се разнишаа темелите на тајната полиција, но твдрината е на готовс да падне и во дворецот на претседателот. Автори: Сашка Цветковска и Александра Денковска Гоцевска; редактура: Борис Георгиевски; графика: Елена Митревска; насловна фотографија: Роберт Атанасовски Сведоците во судскиот случај за настаните од 27 април неделава за прв пат…
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е приведен од хотелот Мериот и однесен во истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Од СЈО за ИРЛ изјавија дека Мијалков е притворен за случајот „Тврдина – Таргет“ за масовното нелегално прислушување и му е одреден 30 дневен притвор. Директорот на затворот Ѓоко Котевски ни потврди дека вечерва во Шутка донесен Мијалков. Пред само една недела специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека нема…