Веќе трет ден на петте национални телевизии не се пренесуваат изјави и ставови на техничкиот премиер, министрите и нивните заменици во Владата. Во вестите на Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ТВ се објавуваат тонски парчиња само од пониските ешалони во власта, односно директори на институции, а се пренесуваат и партиски ставови. Вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во посета на Торакална хурургија…
Владата загoвара формирање на Фонд за медиуми преку кој би се финансирале телевизиите и радијата. Според информациите на ИРЛ речиси два месеца се договараат формите како би одела оваа поддршка. Локалните и регионалните медиуми бараат парите да им се доделат ним, со оглед на лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, но од Владата инсистираат во поделбата на колачот да учествуваат и националните телевизии. Намерата ја потврди и министерот за транспарентност…