Со растреперен глас долгогодишниот судија, Владимир Туфегџиќ, ја читаше пресудата за Сашо Мијалков во случајот „Тврдина– Таргет“. „Ми се одзема гласот. Не знам што ми се случи. Јас не сум тремаџија, меѓутоа ми се одзема гласот. Водичка добро што имаше“, и’ рече судијата Туфегџиќ на неговата колешка Џанета Бегтовиќ кога мислеше дека микрофоните се исклучија. Судиите Џанета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ ја донесоа пресудата за најголемиот судски случај од независноста…
Таргет Тврдина е високопрофилен случај кој во судница го донесе човекот што важеше за недопирлив – Сашо Мијалков. Од спротивната страна, на столчето за сведоци, седи неговиот претходник во УБК – Зоран Верушевски. Едниот е повеќе мачо и бизнисмен, а другиот е смирен професор. И двајцата ја водеа институцијата со најлош демократски рејтинг во земјава и една од оние кои низ годините и отсуството на надзор акумулираше прекумерна моќ. Иако…
Поранешниот разузнавач и актуелен советник на Премиерот, Зоран Верушевски, денеска се појави во Основниот кривичен суд во Скопје на ново рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување. Се работи за прво рочиште за овој предмет по преземањето на предметите од страна на редовното обвинителство од СЈО, кој и понатаму е застапуван од обвинителот Артан Ајро, кој го водеше овој предмет и во СЈО. Иако разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски…
Во 2016 и 2017 година паралелни структури од подземјето и безбедносните служби градат тврдина за опстанок на ВМРО преку преземање на државата. Први се разнишаа темелите на тајната полиција, но твдрината е на готовс да падне и во дворецот на претседателот. Автори: Сашка Цветковска и Александра Денковска Гоцевска; редактура: Борис Георгиевски; графика: Елена Митревска; насловна фотографија: Роберт Атанасовски Сведоците во судскиот случај за настаните од 27 април неделава за прв пат…