Обвинителството за организиран криминал на чие чело е Вилма Рускоска денеска излезе со детали од досегашната истрага за бегството на Никола Груевски, нагласувајќи дека нема лоцирано кривична одговорност кај службени лица, но има пропусти кај надлежните институции. „До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат…
Никола Груевски судењето за случајот „Талир“ ќе го следи на далечина од 800-тини километри. Првообвинетиот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбегне и овој судски процес и од безбедно ќе ги гледа неговите сопартијци соочени со докази за рекет и лажни донации. Додека Груевски ноншалантно се шета покрај убавиот син Дунав во Будимпешта, неговите подредени добија покани за „Мој термин“ во судот на 18 февруари. Во „Талир“ покрај Груевски,…
Оправдани се стравовите за опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци, вака накусо изгледа резимето од образложенијата на судиите кои одлучуваа за притворите на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев. ИРЛ Македонија дојде до судските решенија за Мијалков и Камчев со коишто и двајцата се испраќаат од затвор во куќен притвор. Истите откриваат дека Камчев, покрај македонското имал и бугарско државјанство, но и дека…
Пратениците од власта ги изгласаа измените во Кривичниот законик кои директно влијаат на дел од случаите на Специјалното јавно обвинителство. СЈО допрва ќе гради мислење дали овие измени ќе им ги урнат судските предмети и дел од обвинетите ќе добијат поблаги казни. ИРЛ побара од Специјалното јавно обвинителство и главната обвинителка Катица Јанева да го споделат нивниот став со јавноста во врска со овие измени. Прашање од ИРЛ: Како измените…