Press "Enter" to skip to content

Дипломати во сенка – почнува нов меѓународен проект посветен на почесните конзули

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, Пропублика и 59 медиумски партнери од 46 држави меѓу коишто и Истражувачката репортерска лаборатија (ИРЛ) го почнаа новиот меѓународен истражувачки проект  „Дипломати во сенка“.  Меѓу првите идентификувани проблематични почесни конзули во Македонија кои што својата позиција ја користеле за туркање проблематични агенди на странски служби е поранешниот македонски почесен конзул на Руската федерација Сергеј Самсоненко. За проектот Истрагата во која што се вклучени 160 новинари…

Неверојатниот пат на пријателот на Самсоненко и Камчев до изборниот бизнис со билборди

Пазарот со билборди е мал, но во него пливаат крупни и чудни риби. Оваа изборна година компаниите со билборди заработија 600,000 евра од партиите, a за нив се плати од државниот буџет. Меѓу старите ѕверки на пазарот како „Скринмедиа“ или „ОК медиа“, во друштвото дојде и една мала компанија во сопственост на пријател на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Ниматула Богавдинов има романски пасош, но е руски државјанин. Ја отворил „Импакт…

БЕГ резервира мазут од Ратко Капушевски за цела грејна сезона во случај да снема гас за греење на скопјани

БЕГ одбрал снабдувач со мазут за целата грејна сезона во случај да снема или да не успее да набави гас. Теоретски, ако се оствари најцрното сценарио и БЕГ мора да ги грее скопјани на мазут, тие ќе побараат достава од тендерскиот победник. За разлика од гасот, мазутот е голем аерозагадувач. Победник на оваа потенцијално мрсна зделка е фирмата РКМ на поранешниот државен службеник од ВМРО ДПМНЕ и поранешен соработник на…

Фирмата „Ексико“ бара Самсоненко да ѝ исплати 1,7 милиони евра

Фирмата „Ексико“ која е под истрага на СЈО во случајот „Империја“ е еден од доверителите во стечајот на фирмата „Сис инвест груп“ на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Мистериозната фирма чиј имот и банкарски сметки се замрзнати бара наплата на долг од 1,7 милиони евра. Во изминатите години „Ексико“ стана сопственик или косопственик на повеќе фирми во Македонија, кои добиваа тендери од државни институции и субвенции. Вистинскиот сопственик и натаму останува…