Press "Enter" to skip to content

Како поради наводна итност владата избегнала задолжителни контроли за концесиите на Еуромакс ресурсес

Бектеши предложил, Ковачевски прифатил спојувањето на концесиите да се разгледува како дополнителна точка на дневниот ред – инструмент кој се користи за итни прашања. Со ова се злоупотребил деловникот и под превезот на итноста се заобиколиле проверките и процедурите задолжителни за редовните точки на дневниот ред на владините седници. Владата сега бара од министерството за економија до следната седница да ги достави сите документи поврзани со концесиите за ископ на…

ДКСК ќе ги истражува набавките на возилата на Мерко и Вангеловски и како се продало земјиштето кај „Холидеј ин“

Антикорупциската комисија денеска на седница отвори повеќе постапки за судир на интереси, незаконски набавки на возила и вработувања во државни институции. Дел од предметите за кои се отвара истрага, Антикорупциска комисија ги отвора по сопствена иницијатиа, додека дел се по пријава од граѓани или пак политички партии. На денешната седница, антикорупционерите едногласно одлучија да отворат постапка за продажбата на земјиштето кај „Холидеј ин“ на кое е предвидено да се изградат…

Рашковски не ги кажува причините за судир на интереси во владата поради „повреда на личните податоци“

Функционери се изземале од одлуки на Влада поради судир на интереси. Меѓу нив се и премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев. Но,  и покрај објавите во медиумите за овие случаи, генералниот секретар не кажува зошто побарале изземање бидејќи ќе настанела повреда на личните податоци, а тие штети ќе биле поголеми од штетите по јавниот интерес. Премиерот, неговите заменици и министрите во владате се изземале од одлучувања на владини седници поради судир…