Во само два дена на различни црни листи на САД завршија бизнисменот Јордан Камчев и компанијата Сајтрокс управувана од Иво Малинковски кои му се придружија на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И покрај се’, ништо не ги допира македонските институции иако, според изјави на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов постојат правни механизми и дома да се применат мерките од црните листи. Пишува: Маја Јовановска/Илустрација: Лука Блажев Јордан Камчев…
Македонската компанија „Сајтрокс“ заедно со три други поврзани компании од Грција, Унгарија и Ирска завршија на црната листа на САД поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа. Ова денеска го соопшти Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави. Одлуката доаѓа по скандалите кои повеќе од една година ја брануваат Европа и светот откако се обзнани дека компаниите произведувале и дистрибуирале софтвер во земји каде што софтверот се користел за следење…
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на својот Твитер профил изрази задоволство за усвојување на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност „Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја…
Поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, порача дека САД „никогаш ќе немаат доверба во Русија“ нарекуваќи го официјален Кремљ „агент на хаосот“. „Русија никогаш нема да биде наш пријател. Никогаш не може да веруваме без оглед на околностите, изјави таа на бизнис форум во Лонг Ајленд, Њујорк. Хејли, која замина од амбасадорското место во ОН во декември лани, е убедена дека Москва се вмеша во американските избори во…