Тимот репортери на ИРЛ направи детален временски редослед на настаните од моментот кога од рудникот Тораница во Крива Река се излева сива маса налик бетон. Хаваријата настанува затоа што над цевката што пукнала во кругот на рудникот, се чувал осиромашен олово – цинков концентрат којшто водата го повлекла и го однела во реката. Доказите посочуваат дека државните институции напати ја излажаа јавноста, додека инспекторот од животна средина кој требало а…
Бугарското подземје е надалеку прославено, а овојпат е актуелно по еден навидум наивен бизнис – паркинзи. Необичните задолжителни паркинзи се наоѓаат на бугарските гранични копнени премини, а проблемите отидоа дотаму што Европскиот парламент и` се заканува на Бугарија со исклучување од Шенген зоната. Лукративните паркинзи ги раководи бугарското подземје, а меѓу нив се и соработници на озлогласената крипто кралица Ружа Игнатова – најбараната жена на планетата за историски грандиозните измами…
По само еден месец, министрите носат две различни одлуки поврзани со концесиите за ископ на бакар и злато на фирмата „Еуромакс ресоурцес“. Ако на 27 јуни, полутајно без информации за јавноста премиерот и министрите одлучија да ги спојат концесиите, денеска под притисок на новинарите и јавноста одлучија да си ја поништат одлуката за спојување. Одлуката била политичка. Шансите на „Еуромакс ресоурцес“ за отварање на рудникот се намалија но се зголемија…
Министерството за економија тврди дека спојувањето на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“ е најдоброто нешто за овој процес што ќе довело до затворање, а не до отворање на рудник во Југоистокот на Македонија. Општиот впечаток од брифингот со новинарите е дека станува нејасно која е навистина крајната цел на инвеститорот: пари од рудник или пари од арбитража. За да се избегнат двете сценарија Македонија мора…