„Согласно Уставот и законите“ продолжува градежното силување на Кисела Вода. Најновата приказна од оваа општина доаѓа од улицата „Христо Татарчев“ каде почна градба на две петокатници. Зградите ќе се градат на зеленило, на неколку метри од постоечките станбени објекти. Со приватно обезбедување утрово инвеститорот пристигна на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода каде треба да почне изградба на две петокатници. Младиот сопственик на фирмата Кат Костов, опколен со четворица бодигарди,…
Жителите на населбата Пржино во Скопје потпишаа петиција со која бараат ревизија на актуелниот Детален урбанистички план и мораториум на градбите. Со протестен марш низ населбата упатија апел до општината Кисела Вода и надлежните институции дека ДУП-от не е легитимен. „Петицијата е глас до општината Кисела Вода, но и до повисоките органи – Министерствата за животна средина и за транспорт и врски со која бараме мораториум на спорните градби. ДУП-от…
Жителите на Пржино денеска протестираа против урбанистичкото дивеење во нивната населба. Целта им беше да упатат апел до надлежните институции да престанат со градби со кои се доведува во опасност живеењето во населбата. „Денес се собравме поголем број на граѓани од Пржино со цел да го искажеме својот револт за спорната градба. Ги искажуваме следниве барања: целосно стопирање на спорната градба заради која се урна и вториот потпорен ѕид во…
Спорната изградба на четири згради во Пржино вчера беше причина за уривање на потпорен ѕид. Градбата моментално е стопирана, но ќе продолжи веднаш штом инвеститорите го санираат ѕидот и го обезбедат објектот. Жителите на околните куќи се жалат дека неколку пати испратиле писма до општината, со предупредување дека потпорниот ѕид може да падне и куќите од горната уличка да се слизнат надоле, но досега не добиле никаков одговор од општинарите.…