Press "Enter" to skip to content

Први изјави на министри и обични членови: „За метлата ќе збориме од утре“

Во седиштето на СДСМ со зурли и тапани веќе се слави победата на Стево Пендаровски. Долу, во дворот и во прес центарот се обичните членови и симпатизери на владејачката партија. Горе, пак, со закуска и пијалок се честат високите партиски функционери. Во прес центарот одвреме навреме се симнува по некој од министрите, но освен за текот на изборите и победата на Пендаровски, тешко може да се натераат да прозборат и…

Северна Македонија добива претседател, во СДСМ нарачаа кетеринг

Цензусот е исполнет. Изборите се успешни. Според последните податоци од ДИК, до 18.30 часот на гласање излегле 44,55 проценти од граѓаните со право на глас. Во СДСМ велат „Стево Пендаровски води“. Државната изборна комисија ги пребројува гласовите, а во штабовите на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како веќе да е познат резултатот.  Известуваат: Давид Илиески од штабот на СДСМ и Александра Денковска од штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште…

Избор на истражувачките новинари: Предлози до Заев за операцијата „Метла“

Тендери за школските другари на Заев, сомнителни тендери во здравството и бегство од одговорност во аферите од животна средина. Колегите Владо Апостолов, Менче Атанасова – Точи и Александар Димитриевски на виделина изнесоа многу валканици за минатата  власт, за многу од нивните стории денес гледаме и судски завршници и истраги. Но, за ИРЛ одбраа по една тазе афера за која тие пишувале за новата власт на СДСМ и ДУИ, а која…

Тајните играчи од САД позади македонските „фејк њус“ велешки сајтови

Македонската таканаречена фејкњус индустрија од Велес имала и американски врски со познати конзервативни автори, а во моментов се води и меѓународно истражување за можни координирани меѓународни акции во медиумската пропаганда. Се истражува и што барала руска државјанка во Македонија непосредно пред изборите за претседател во САД во 2016. Не било кој, туку Ана Богачева, дел од обвинението на Роберт Милер во американската истрага.  Автори: Сашка Цветковска, водечки репортер Ко-автори: Аубри…