Press "Enter" to skip to content

Извесен цензус

Излезноста до 15  часот е за „милиметар“ поуспешна од онаа во првиот круг, што за политичарите во двата кампуста кои што ги контактираше претставува знак надеж дека цензусот ќе биде исполнет.  Извори во двата изборни штаба, и оној на власта и оној на опозицијата, самоуверено велат дека по добивањето на бројките  за излезноста во 15 часот, станува извесно дека цензусот ќе биде исполнет. Последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК)…

Денеска ќе гласаат 12 лица кои се наоѓаат во домашен притвор

Затворениците, раселените и немоќните лица денеска гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село. Своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови, лицата кои се во притвор и во домашен притвор. Од оние кои се во домашен притвор за гласање се пријавиле само 12 лица. Денеска ќе гласаат и седум внатрешно раселени…

Се што треба да знаете за претседателските избори 2019

Ова се шестите претседателски избори во земјава и првите избори откако е ратификуван Преспанскиот договор. Следниот претседател ќе биде петтиот претседател од независноста наваму и првиот претседател на Република Северна Македонија. Актуелниот претседател Ѓорге Иванов, којшто се противеше на Договорот со Грција, отслужи два мандата како претседател на републиката, односно максималниот број мандати за кои што може да се натпреварува еден граѓанин за оваа функција согласно Уставот. Како се станува…

ВИДЕО: Силјановска-Давкова: Жена претседател ќе го промени општеството кон подобро

Со доза скромност, но и гордост затоа што е првата жена кандидат за претседател на државата, професорката Гордана Силјановска Давкова се претставува на митинзите и средбите со граѓани низ градовите во Македонија. Силјановска Давкова, која е поддржана од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вели дека Македонија е подготвена за жена претседател. Таа ветува дека во кабинетот и секаде каде што може ќе се опкружи со способни жени. Нагласува дека родот нема да…