ИРЛ побара Градот Скопје да дозволи да влеземе во новата Градска куќа со цел да видиме каква е тазе завршената и скапа зграда за која Коце Трајановски потроши 20,5 милиони евра, а Петре Шилегов ќе ја продава за нешто повеќе од 12 милиони. Градот не дозволи влез за јавноста, барем не засега. ИРЛ ја посети локацијата. Урбанистичкиот план на Градска куќа и предвидел соседи – хотели и деловни комплекси, но…
Што истражуваме Во име на интересот на неколкумина Градот Скопје со години дозволувал хаос и беззаконие во јадрото на Градскиот парк. Малку се и оние граѓани кои знаат дека постои посебна фирма која што ја основале институциите на градот која има задача да управува со паркот. Нејзината работа со години е надвор од радарот на јавностa. Тимот на новинари на ИРЛ ја истражуваше работата на оваа фирма основана уште во…
Летните дискотеки во Градскиот парк кои што се простираат на површината на поранешниот Луна парк со години работат без лиценци и без договори за земјиштето кое го користат во атрактивниот дел на градот. Иако доаѓала инпекција, тие никогаш не биле затворени. Следната година нема да има летни дискотеки во паркот, ако се оди според планот за градежни активности на Град Скопје за изградба на новиот забавен парк на местото на…
Колективната радост поради победата на ракометниот клуб „Вардар“ многу бргу се претвори во колективна хистерија. Веселбата уште еднаш ни покажа колку се опасни цивилизациските разлики меѓу нас кои сакаме отворено и европско општество и зачмаените корумпирани газди во медиумите и политиката. За ова не се виновни фановите или ракометарите или обичните граѓани. Известувањето за спортскиот успех на „Вардар“ имаше естраден карактер и личеше на вулгарно реалити шоу. Сите национални телевизии…




